Лига на шампиони: Дербито се игра во Германија, пола натпревари одложени

Денеска се играат само две средби во 6. коло од Лигата на шампионите, а за утре остануваат уште две од осум вкупно колку се во планот за играње во секое коло.

Поради позитивни случаи на Ковид 19 во повеќето екипи натпреварите се одложени, а дополнително ќе се знаат новите термини. Меѓу одложените средби е и онаа на Вардар кој требаше да игра во Франција кај составот на ПСЖ.

Средба број 1 денеска е Кил – Веспрем каде што Дејан Манасков и колегите ќе се обидат да дојдат до позитивен резултат. Со оглед на тоа што имаат неколку ракометари позитивни на Ковид 19 не може да се настапи во комплетен состав, но сигурно Веспрем и со оние ракометари кои ќе бидат на терен ќе има што да покаже.

Инаку, денеска се игра и дуелот Целје-Мотор, но тој натпревар ќе остане во сенка на средбата во Германија.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ДВОЈКИ ЗА 6. КОЛО

ГРУПА А

ЧЕТВРТОК, 29 ОКТОМВРИ

20:45ч

ПОРТО – КЕЛЦЕ

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

ПСЖ – ВАРДАР

ЕЛВЕРУМ – МЕШКОВ БРЕСТ

ПИК СЕГЕД – ФЛЕНЗБУРГ

ГРУПА Б

СРЕДА, 28 ОКТОМВРИ

18:45ч

ЦЕЛЈЕ – МОТОР

КИЛ – ВЕСПРЕМ

ЧЕТВРТОК, 29 ОКТОМВРИ

18:45ч

БАРСЕЛОНА – АЛБОРГ

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР

НАНТ – ППД ЗАГРЕБ