Лазаров скрати список – за дуелите против Данска конкурираат 23 ракометари (ФОТО)

Селекторот на машката репрезентација на Македонија го објави скратениот список за претстојните натпревари против Данска во рамките на квалификациите за Европското првенство 2022 година.

Лазаров се реши за проверени имиња и не експериментираше премногу со составот за првиот негов предизвик како селектор.

Меѓу новајлиите има само двајца и тоа од Голден Арт КЛ7 – левите бекови Игор Ѓорѓиев и Емилијан Ѓорговски. Сите останати веќе биле на поширок список и на собир на националниот тим.

Собирот е закажан на 6 март точно на пладне.

Македонија и Данска ќе играат на 11 март во Скопје од 20:00 часот, додека вториот дуел се игра во Алборг на 14 март од 16:00 часот.