Откако Филип Кузмановски успеа да се избори за триумф со Магдебург на гостувањето во Шпанија, денеска истото можат да го направат уште двајца од македонските интернационалци кои се натпреваруваат во Купот на ЕХФ.
Бенфика на Борко Ристовски денеска има тешка средба против екипата на Мелзунген од Бундес лигата. Ова е важна пресметка на која едноставно мора да се даде најдоброто на теренот за да се обезбедат поени со кои ќе може да се има максимум после две кола.
Кирил Лазаров со тимот на Нант утре ќе гостува во Велење кај составот на Горење и тука е добро познато дека тимот од Франција е со улогата на фаворит за освојување на бодовите. Доколку сè биде според очекувањата утре не се очекува да има проблеми за Лазаров и колегите и тука бодовите би требало да заминат со гостите.
КУП НА ЕХФ
ДВОЈКИ ЗА 2. КОЛО
ГРУПА А
САБОТА, 15 ФЕВРУАРИ
17:15ч
БЕНФИКА – МЕЛЗУНГЕН
НЕДЕЛА, 16 ФЕВРУАРИ
19:00ч
ГВАРДИЈА ОПОЛЕ – БЈЕРИНГБРО
ТАБЕЛА: 1. Бенфика 2 бода (33:24); 2. Мелзунген 2 (26:21); 3. Гвардија Ополе 0 (21:26); 4. Бјерингбро (24:33).
ГРУПА Б
САБОТА, 15 ФЕВРУАРИ
18:30ч
НИМ – КУЕНКА
19:30ч
ХОЛСТЕБРО – РАЈН НЕКАР
ТАБЕЛА: 1. Куенка 2 бода (29:27); 2. Рајн Некар 2 (32:31); 3. Ним 0 (31:32); 4. Холстебро 0 (27:29).
ГРУПА Ц
АДЕМАР ЛЕОН – МАГДЕБУРГ 27:31
Алонсо 8, Фернандез 6, Гријадо 3 – Дамгард 9, Муше 5, Смит 4
НЕДЕЛА, 16 ФЕВРУАРИ
18:45ч
ГОРЕЊЕ – НАНТ
ТАБЕЛА: 1. Магдебург 4 (63:53); 2. Нант 2 бода (34:28); 3. Горење 0 (26:32); 4. Адемар Леон 0 (55:65).
ГРУПА Д
ФУКСЕ БЕРЛИН – ТАТАБАЊА 27:27
Холм 6, Кох 5, Копљар 4 – Борзас 9, Холперт 6, Комогоров 4
САБОТА, 15 ФЕВРУАРИ
19:00ч
ЛОГРОЊО ЛА РИОХА – ЕКС АН ПРОВАНС
ТАБЕЛА: 1. Фуксе Берлин 3 бода (52:50); 2. Татабања 3 (53:52); 3. Логроњо Ла Риоха 0 (25:26); 4. Екс ан Прованс 0 (23:25).