Кулеш: Ќе се вратам за дуелот со Вардар

Левиот бек на Келце, Владислав Кулеш имаше повреда и требаше да отсуствува од терените најмалку еден месец. Сепак тој веројатно ќе се врати порано од планираното во составот на Талант Душебаев.

Кулеш се повреди на дуелот во Лигата на шампионите против Мешков и неговото враќање беше прогнозирано кон крајот на ноември. Неговата повреда речиси е минато и после репрезентативната пауза ќе биде повторно во тимот на Келце, односно за дуелот со Вардар во ЛШ.

„Сега се чувствувам многу подобро, се рехабилитирав од повредата. Повеќе не чувствувам болка, се фокусирам на зацврстување на ногата. Планирам да се вратам на редовни тренинзи после репрезетативната пауза, за околу две недели. Сакам да играм на мечот со Вардар во Лигата на шампионите. Јас нема да одам со репрезентацијата на Белорусија, ќе останам со момците во Келце. Периодот ќе го искористам за повеќе индивидуални тренинзи и физичка подготовка“, рече Кулеш за клупскиот сајт.

Двата дуели меѓу Вардар и Келце се на програмата еден по друг, на 19 ноември во Скопје и на 25 ноември во Келце.