Големиот број на откажани првенства и одложени натпревари и од европските купови и квалификациите на репрезентациите поради коронавирусот може да бидат најава за одлагање и на Светското првенство кое од 14 до 31 јануари треба да се одржи во Египет.
Постојат одредени информации дека организаторот на првенството се соочува со одлагање на изградбата на дел од спортските објекти кои треба да се користат за време на шампионатот. Оттаму може да се очекува да дојде до поместување на терминот.
„ИХФ настојува да го одржи првенството во согласност со распоредот и во моментов нема потреба да се менуваат датумите“, стои во соопштение на ИХФ.
Сепак, доколку потрае ситуацијата со коронавирусот и понатаму и биде подолго од сите прогнози нема да биде чудно доколку место во јануари првенството се игра во март 2021 година или во друг месец.