Кил пропушти напад за реми, Кристенсен ја запечати победата за Алборг

Екипите на Алборг и Кил одиграа одличен натпревар во 8. коло од Групата А во Лигата на шампионите кој после голема борба го доби тимот од Данска со 35:33 во неизвесна завршница.

Дуелот почна максимлно израмнето, а Кил го диктираше темпото. Сепак, Алборг веднаш возвраќаше. Играта гол за гол продолжи до 25. минута кога Алборг за првпат имаше два предност. До крај на првиот дел домаќинот сочува еден гол и водеше со 17:16 на паузата.

Во продолжението Алборг имаше контрола на резултатот, а Мелгард и Кристенсен погодија за 23:20 во 39. минута. Тимот од Данска успешно ја чуваше предноста, а во 50. минута беше уште поблиску до победата кога поведе со 31:27.

Во завршните десетина минути ракометарите на Кил се обидоа да избегнат пораз, но не успеаја во тоа. Винцек намали на 35:34, а потоа имаа и напад за нерешено. Сагосен погреши и Кристенсен со погодок ја потврди победата на својот тим.

Николај Кристенсен беше најефикасен на натпреварот со девет погодоци, Лукас Сандел погоди шестпати, а Клар, Мелгард и Бјорнсен постигна по четири гола. Во составот на Кил, Никлас Екберг беше прв стрелец со седум гола, а Миха Зарабец и Патрик Винцек  постигнаа по пет гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МОНПЕЛЈЕ971115
2КИЛ961213
3АЛБОРГ960312
4ПИК СЕГЕД952212
5ЕЛВЕРУМ93248
6ВАРДАР 196192165
7ППД ЗАГРЕБ91264
8МЕШКОВ91173