Карачиќ во НБА стил: Пред сирената подели асистенција без гледање (ВИДЕО)

Поранешниот ракометар на Вардар, а сега член на екипата на Келце, Игор Карачиќ прдолжува да игра во голема форма. Од неговата игра во многу зависи и играта на тимот од Полска, па оттаму секогаш е важно што тој ќе направи на теренот.

Покрај тоа што игра добро има и атрактивни потези, а еден таков беше забележан на последната средба против Елверум на која Келце дојде до победа од 39:29.

Асистенцијата на Карачиќ беше во НБА стил и дефинтивно голема атракција така што заслужува да се погледне неколкупати. Карачиќ го одработе поголемиот дел од акцијата, па на Каралек му остана само да ја смести топката во голот.