Канкараш и Тарабокија добија репрезентативен повик, но ќе останат во Скопје

Ракометарите на Металург, Бранко Канкараш и Марко Тарабокија, добија повици од селекторите на Црна Гора и Босна и Херцеговина за настап во националниот тим во квалификациите за ЕП, но ќе останат во Скопје.

Со оглед на тоа што се уште трае карантинот во кој е тимот од Автокоманда, кружниот напаѓач и средниот бек ќе останат во македонската престолнина и нема да можат да одоговорат на повикот.

Поради истата причина, дел од ракометарите на Металург кои беа на списокот на селекторот Данило Брестовац (освен Мартин Серафимов) нема да играат за македонската репрезентација.

Македонија ќе ги игра натпреварите против Финска и Швајцарија, Црна Гора ќе игра против Косово и Романија, додека Босна и Херцеговина се подготвува за тешки натпревари против Германија и Австрија.