Калајџиески продолжува со одличните партии во Словенија

Средниот бек на кадетската репрезентација на Македонија, Мирче Калајџиески, продолжува со одличните партии во Словенија.

Неговиот тим, второлигашот Херц Шмартно, загуби на гостувањето кај Бутан Изола со 28-26 во натпревар од 13 коло.

Калајџиески беше втор стрелец во составот на Шмартно и постигна четири погодоци од кои еден беше од пенал.

Шмартно има 10 бодови што е доволно за деветтото место на табелата по крајот на есенскиот дел од сезоната.

Средниот бек доаѓа на собир на кадетската репрезентација на 21 декември, која ќе се подготвува за настап на силен турнир во Германија.