Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер ги очекува четвртфиналниот двомеч во СЕХА лигата против Загреб и Мешков Брест. Кај македонските екипи има големи промени во ростерите, но исто така и кај ривалите – хрватскиот и белорускиот шампион.
Mешков Брест освен Кашпарек кој ќе го менува Паниќ, се уште нема замена за Шкуринскиј. Во белорускиот првак дојде нов тренер на местото на Раул Алонсо – Дани Гардо, па ќе биде интересно да се види дали Мешков ќе биде способен да го повтори резултатот од оваа сезона. Дојде Французиот Бонфон, како замена за Обрановиќ, но останува впечатокот е дека Мешков нема да биде на нивото од лани.
„Плинарите“ ја донесоа вардаровата легенда Иван Чупиќ, а вратија дел од ветераните што настапуваа во странство како Гојун, Обрановиќ, Муса…плус голманите Славиќ и Ивиќ. Преовладува впечатокот дека Загреб ќе биде посилен, но сето тоа ќе треба да се спроведе на терен.
Натпреварите меѓу Вардар и Загреб се играат на 26 и 31 август, додека двомечот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест на 21 и 29 август.
ЗАГРЕБ
дојдоа: Филип Ивиќ (Целје), Дино Славиќ (Адемар Леон), Јаков Гојун (Фуксе Берлин), Сандро Обрановиќ (Мешков Брест), Иван Чупиќ (Вардар), Жељко Муса (Магдебург)
заминаа: Матеј Ашанин (Лудвигсхафен), Тодор Јандриќ (Кретеј), Немања Обрадовиќ (Еурофарм Пелистер), Алекс Влах (Целје), Сенјамин Буриќ (Скјерн), Дарко Стојниќ (Татабања)
МЕШКОВ БРЕСТ
дојдоа: Батист Бонфон (Екс ан Прованс), Станислав Кашпарек (Мешков Брест)
заминаа: Симон Разгор (Марибор), Александар Шкуринскиј (Нант), Сандро Обрановиќ (Загреб), Марко Паниќ (Монпелје)