Тимот на Тиквеш од Кавадарци би требало да добие големо засилување пред стартот на новата суперлигашка сезона.
Станува збор за поранешниот репрезентативец Стефан Дрогришки, кој иако имаше две опции во странство, сепак повторно ќе игра во Македонија.
По раскинот на договорот со шампионот на Кувајт, Казма, македонскиот интернационалец имаше опција да потпише за Диомидис Аргус од јужниот сосед, но иако клубот го потврди трансферот, Дрогришки не стави потпис на договорот поради лошите услови.
Кавадарчани направија добар шопинг ова лето и покрај тренерот Магдинчев, ги донесоа Евегениј Темелкоски, Борче Соколов, Никола Стефановиќ, Марко Трајковски, Марио Гичев, Стефан Трпчевски.
Со Дрогришки, ќе добијат уште повеќе комбинации на бековските позиции и сигурно ќе бидат тежок ривал за сите противници од Суперлигата. Битолчанецот денеска слави роденден, па трансферот во Кавадарци ќе му дојде како убав подарок.