И Швеѓаните не се перфектни, ЕХФ парично го казни Кристијанштад

Дисциплинската комисија на ЕХФ одлучи да му изрече казна од 10.000 евра на тимот на Кристијанштад. Тие ќе мораат да платат веднаш 5.ооо евра, а уште толку ако во следните две години повторно го направат истиот прекршок.

Мартин Илиевски

Казната е изречена затоа што на неколку натпревари во Лигата на шампионите, а особено за време на средбата против Гог на 15 септември поставеноста на подот и одржувањето не биле спорен пропишаните правила од ЕХФ.

Дисциплинците утврдија дека ова прекршување претставува кршење на правилата на Лигата на шампионите и одлучи Кристијанштад да биде казнет според листата на казни на ЕХФ.

Со ова ЕХФ продолжува да ги санкционира сите прекршувања на стандардите при одигрување на натпреварите во Лигата на шампионите и понатаму стандардите за организација на еден меч од најдоброт европско клупско натрпеварување остануваат на многу високо ниво.