Европската ракометна федерација го објави идеалниот тим во машката Лига на шампиони за сезоната што се уште не е завршена.
Место меѓу најдобрите немаше за двајцата номинирани од македонските екипи – Тимур Дибиров од Вардар и Владислав Остроушко од Еурофарм Пелистер.
За најдобро лево крило беше избран Мануел Штрлек, додека за најдобар лев бек беше избран Сандер Сагосен од ПСЖ.
На завршниот турнир на 28 и 29 декември во Келн ќе играат Веспрем, ПСЖ, Кил и Барселона.
Идеален тим на ЛШ за сезоната 2019/20:
Голман: Никлас Ландин – Кил, 10.070 гласа
Лево крило: Мануел Штрлек – Веспрем, 12.053 гласа
Лев бек: Сандер Сагосен – ПСЖ, 14.004 гласа
Среден бек: Микел Хансен – ПСЖ, 9.543 гласа
Десен бек: Алекс Душебаев – Келце, 9.650 гласа
Десно крило: Никлас Екберг – Кил, 9.464 гласа
Пикер: Бенце Банхиди – ПИК Сегед, 11.430 гласа
Дефанзивец: Блаж Благотиншек – Веспрем, 10.586 гласа
Млад играч: Алеикс Гомез – Барселона, 9.092 гласа
Тренер: Давид Дејвис – Веспрем, 9.745 гласа