ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Eкипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.

Има натпревари од разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостига неизвесност, драма до самиот крај…

Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 8. коло од плеј-оф/аут.

Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 34-23
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21-24
ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 27-28
ПРОЛЕТ – ПРИЛЕП 27-24
РАДОВИШ – СТРУГА 22-28

Според Вас, кој ракометар го одбележа 8. коло од машката Суперлига?

Жарко Барјактаревиќ - десен бек - Струга
64.94%
Бојан Блажески - голман - Бутел Скопје
18.18%
Марко Митев - среден бек - Бутел Скопје
8.80%
Филип Талески - лев бек - Вардар
2.60%
Елмир Граџан - пивот - Еурофарм Пелистер
2.16%
Мирко Мајиќ - лево крило - Бутел Скопје
2.02%
Дарко Ѓукиќ - десно крило - Вардар
1.30%

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130142
2АЛКАЛОИД14111236
3ВАРДАР 196114101334
4ТИКВЕШ 20141453618
5БУТЕЛ1450916
6ОХРИД1450915
ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ14100433
2СТРУГА1481528
3ПРИЛЕП1472525
4МРК КУМАНОВО1472524
5СКОПЈЕ 20201471624
6ЈУНИОР К.В.1454519

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – голманот на Бутел Скопје беше еден од „виновниците“ за триумфот во Кавдарци.

Лево крило: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – Црногорецот одигра врвна партија на гостувањето кај Тиквеш.

Лев бек: Филип Талески (Вардар) – продолжува да игра во одлична форма и беше најефикасен во Вардар во триумфот над Еурофарм Пелистер 2.

Среден бек: Марко Митев (Бутел Скопје) – македонскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите во натпреварот против Тиквеш.

Десен бек: Жарко Бајрактаревиќ (Струга) – Србинот стандардно беше најдобар стрелец во редовите на стружани во триумфот кај Радовиш.

Десно крило: Дарко Ѓукиќ (Вардар) – вардарецот беше меѓу најефикасните во победата над вториот тим на битолчани.

Пивот: Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер) – битолчани се вратија на победнички патеки по поразот од Вардар, а Босанецот беше најдобар против Охрид.