ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.

Според Вас, кој ракометар го одбележа 11. коло од машката Суперлига 2022/2023?

Никола Стоилевски - десно крило - Еурофарм Пелистер
42.53%
Никола Цветаноски - лев бек - Струга
20.14%
Иван Тасески - пивот - Охрид
13.35%
Мартин Томовски - голман - Вардар
9.50%
Петар Атанасијевиќ - лево крило - Еурофарм Пелистер 2
6.56%
Стефан Крстевски - среден бек - Бутел Скопје
4.30%
Томислав Јагуриновски - десен бек - Пролет
3.62%

РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

група А

OХРИД – КУМАНОВО 32-17
АЛКАЛОИД – ВАРДАР 22-30
ПРИЛЕП – СТРУГА 21-28
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР НЕГОТИНО 31-27

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196112120036
2АЛКАЛОИД12100230
3БУТЕЛ1280424
4ОХРИД1270521
5СТРУГА1251616
6ПРИЛЕП1231810
7ВАРДАР НЕГОТИНО1210113
8МРК КУМАНОВО1210113

група Б

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ГОЛДЕН АРТ 25-21
ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 30-27
ЈУНИОР КВ – ПРОЛЕТ 25-34
РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23-36

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12111034
2ПРОЛЕТ1292129
3ТИКВЕШ 20141281325
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21271422
5ГОЛДЕН АРТ1250715
6СКОПЈЕ 20201220106
7РАДОВИШ121295
8ЈУНИОР К.В.1211104

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Мартин Томовски (Вардар) – На дерби дуелот со Алкалоид, Томовски имаше 12 одбрани иако не бранеше цел меч и беше меѓу најзаслужните при градењето на предноста во првиот дел.

ЛЕВО КРИЛО: Петар Атанасијвиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Левото крило на  битолчани беше меѓу најдобрите поединци во триумфот над Голден Арт.

ЛЕВ БЕК: Никола Цветаноски (Струга) – Левиот бек на Струга ја продолжува одличната форма од стартот на сезоната и постигна шест гола во гостинската победа над Прилеп.

СРЕДЕН БЕК: Стефан Крстевски (Бутел Скопје) – Со 11 погодоци, дел од пенал, дел од игра, го предводеше тимот на Бутел до триумф над Вардар Неготино.

ДЕСЕН БЕК: Томислав Јагуриновски (Пролет) – Со шест погодоци, беше меѓу најекспонираните на теренот против составот на Јуниор КВ против кој Пролет забележа рутински триумф.

ДЕСНО КРИЛО: Никола Стоилевски (Еурофарм Пелистер) – Доби поголема минутажа против Радовиш и постигна седум гола со што беше најефикасен во убедливата победа.

ПИВОТ: Иван Тасески (Охрид) – Пивотот на охриѓани со седум гола беше најефикасен во победата над составот на Куманово, а стандардно си ја одработи задачата и во одбраната.