Зоран Кастратовиќ се врати во Ал Мудар!

Црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ по само четири месеци се враќа на клупата на Ал Мудар од Саудиска Арабија.

Тој во меѓувреме беше селектор на Саудиска Арабија откако замина од Ал Мудар, а челниците на клубот ги знаат неговите квалитети и решија одново да го ангажираат на местото на Шпанецот Матео Гаралда.

Црногорецот има големо искуство и како селектор и како тренер. Во Македонија работеше во Пролет, Металург и Вардар, а ги водеше и Беране, Сутјеска, Будуќност, Ел Џаиш и Ал Мудар.

Беше на селекторските позиции во машките репрезентации на Црна Гора и Иран, а ја водеше и женската репрезентација на Македонија.