Загреб победи после 642 дена, тргна во потера на Вардар

Во рамките од 8. коло во Лигата на шампионите, ракометарите на Загреб со триумфот против Мешков Брест од 31:24 ја прекинаа „црната серија“ и ја остварија првата победа во новата сезона. Оваа победа дојде после 642 дена откако екипата во последните две сезони претрпе радикални промени и формата одеше во надолна линија. Со новите освоени бодови, Загреб има вкупно четири односно еден помалку од Вардар.

Избраниците на Ивица Обрван во воведниот дел од натпреварот со головите на Обрановиќ, Срна и Чупиќ имаа плус три гола предност, 5:2. Иако, гостите од Белорусија со два гола во низа намалија на само еден негатива, 4:5, сепак, домаќините имаа активен резултат до 23. минута.

Со двете интервенции на Мандиќ, како и незапирливиот, Обрановиќ, екипата на Загреб по десет минути игра ја зголеми својата предност на највисоки четири позитива, 8:4. Ракометарите на Загреб влегоа во серија на грешки и при нерешен резултат, Мешков Брест со голот на Скубе направи пресврт за свое водство од 11:10. До самиот финиш на првиот дел се играше гол за гол, а на пауза резултатот гласеше 14:14.

Мешков Брест во второто полувреме во два наврати имаше предност од плус два, 16:14 и 17:15. Домаќините со вториот голман меѓу стативите, Славиќ се вратија во игра, израмнија на 17:17 и за пет минути направија добра серија и водство од 21:18. Екипата на Загреб не искористи неколку ситуации за зголемување на својата предност која на дваесетина минути пред крајот изнесуваше 24:20. Ништо не се промени во завршните десет минути. Помотивирани од гостите кои беа „заспани“ на моменти, шампионите на Хрватска заслужено се израдуваа на првата победа во Лигата на шампионите.

Најефикасни во Загреб беа Иван Чупиќ со осум и Звонимир Срна со седум погодоци. Во поразената екипа, Јака Малус беше единствено расположен и натпреварот го заврши како најефикасен со шест погодоци.

На 1 декември, Загреб ќе гостува во Франција кај Монпелје во рамките од 9. коло, додека Мешков Брест за следен противник го има шампионот на Норвешка, Елверум.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МОНПЕЛЈЕ971115
2КИЛ961213
3АЛБОРГ960312
4ПИК СЕГЕД952212
5ЕЛВЕРУМ93248
6ВАРДАР 196192165
7ППД ЗАГРЕБ91264
8МЕШКОВ91173