Заборавија на одбраната, се изнадаваа голови, па Шишкарев промаши шут за победа

Репрезентациите на Русија и Белорусија ги поделија бодовите на стартот на Светското првенство откако денеска ремизираа со 32:32. После 60 минути надигрување во кои имаше многу промени на селекцијата која е во водство на крајот решаваа нијанси, а Шишкарев го промаши шутот за победа.

Од почетокот на средбата Белорусите покажаа дека имат одлична селекција и успеаја да имаат иницијатива. Сепак, не можеа да имаат поголема предност туку постојано беше гол до два позитива.

Русите како да имаа потреба од дополнително загревање пред да влезат во потребниот ритам, па дури на средина од првото полувреме успеаја да се покажат во подобро издание и да фатат приклучок така што до крајот на првиот дел успеаја да стигнат до нерешен резултат и на одмор да заминат со 15:15.

Вториот дел од средбата мина во далеку поинаков ритам и со далеку попеколно темпо. И двата состави влегоа со поголем мотив, а стрелците од сите страни распалија. Имаше одбрани од голманите, но недоволно за да може да се надеваат на нешто повеќе.

Почнаа пресврти при што и едните и другите имаа свои моменти. Се менуваа во зависност од тоа кој беше порасположен. Косоротов ја водеше Русија, Вајлупов, Каралек и Кулеш селекцијата на Белорусија.

Русите имаа меч топка. Шишкарев имаше слободен шут, но тој биеше во голманот Марос, па на крајот бодовите беа поделени, а после овој дуел во кој сите мислеа повеќе на напад и двете селекции можат да жалат за пропуштеното.

32 - 32
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БЕЛОРУСИЈА1532Реми
РУСИЈА1532Реми

БЕЛОРУСИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Владислав Кулешлев бек06
7Арцјом Кулакцентрален бек05
8Aртур Руџлев бек00
9Алех Астрашапкиндесен бек02
17Владислав Кривенкалево крило00
20Алексеј Кишуголман00
23Андреј Јуриноклево крило03
33Иван Марозголман00
43Арцјом Селвасјукпивот00
47Александар Падшивалавцентрален бек01
50Арцем Каралекпивот03
55Никита Вајлуповдесно крило010
62Кирил Самоилалев бек02
74Вјачеслав Боканпивот00
95Вадим Гајдученкоцентрален бек00
98Никалај Алохиндесен бек00
 Вкупно 032

РУСИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Дмитри Киселевдесен бек06
16Дмитри Павленкоголман00
17Александар Котовдесен бек00
23Роман Осташенколево крило00
27Денис Василевпивот00
28Сергеј Кудиновлев бек02
30Александар Ермаковпивот02
33Данил Шишкаревдесно крило06
36Сергеј Ивановдесен бек00
44Игор Сорокалево крило06
55Азат Валиулинлев бек00
78Павел Андреевпивот00
87Виктор Киреевголман00
89Дмитри Житниковцентрален бек02
97Алексеј Фокиндесно крило00
99Сергеј Марк Косоротовлев бек08
 Вкупно 032

Officials

Судии:
Јуцеф Белкири -Aлжир
Сид Али Хамиди -Алжир