ЕХФ објави ранкинг: Македонија е 18-та ракометна сила во Европа!

Европската ракометна федерација го објави најновиот ранкинг на машките репрезентации за 2023 година.

Македонија го зазема 18 место на ранкингот со вкупно 94 бодови, освоени на СП 2021 во Египет, ЕП 2022 во Унгарија и Словачка, како и СП 2023 во Полска и Шведска.

Ранкингот се формира врз основа на настапите во квалификациите за големите натпреварувања и настапите таму во последните три години.

Нашиот национален тим освои 32 бода во 2021 година, исто толку во 2022, додека 30 бода Македонија освои во 2023 година, односно во квалификациите за СП 2023 и на настапот во Полска.

Прва на ранкингот е Данска со вкупно 448, на второто место се наоѓа Шведска со 424 бодови, додека трета е селекцијата на Шпанија со 400 бода.

Овој ранг беше земен во предвид пред формирањето на претквалификациите и квалификациите за СП 2025, за кое Македонија ќе игра само еден бараж.