Еурофарм Пелистер 2 се радуваше на триумф – Бутел Скопје го положи оружјето во Битола!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 приредија изненадување во Суперлигата откако во второто коло на домашен терен го совладаа фаворизираниот тим на Бутел Скопје со 30:27.

Бутел Скопје го имаше почетното водство и го диктираше резултатот во воведните минути. Гостите поведоа со 2:4 и 3:5, но Еурофарм Пелистер 2 не дозволи противникокт да се одлепи и многу брзо ја стопи негативата.

Еурофарм Пелистер 2 првото водство го имаше во 18 минута кога Ѓукиќ погоди за 9:8. Продолжи добрата игра на домаќинот и во 23 минута го имаа највисокото водство од три гола, 14:11. До крај на првиот дел домашниот тим ја задржа предноста и на одмор имаше 17:15.

Во продлжението Бутел Скопје брзо успеа да израмни и да поведе, веќе по осум минути игра беше 18:19. И на ова пелистерци имаа одговор, со серија од 4:0 повторно имаа солидно водство од 22:19.

Бутел Скопје во неколку наврати успеваше да израмни, но Еурофарм Пелситер 2 повторно ја враќаше предноста и со два гола позитива влезе во завршните пет минути. Оваа предност ја сочуваа до крај и битолскиот тим стигна до голема победа.

30 - 27
Конечен резултат

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21730Победа
БУТЕЛ1527Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
Емилијан Ѓорговскилев бек14
1Бобан Ристевскиголман00
5Игор Петковски-00
8Цветан Кузманоскилево крило06
8Димитар Димитриоскицентрален бек02
8Павле Атанасијевиќцентрален бек07
9Васко Димитровскипивот01
10Христијан Митревскидесен бек00
11Симон Мирчевски-00
13Павле Петровиќдесен бек02
16Благојче Трајкоскиголман00
23Стефан Талевскицентрален бек00
33Петар Атанасијевиќлево крило00
66Милан Ѓукиќдесно крило06
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот22
 Вкупно 330

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Иван Андревски-00
Саша Пуљизовиќ-02
6Јовица Младеновскилев бек10
7Кристијан Давитковскидесен бек00
7Томче Стојановскилев бек00
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек01
10Марко Митевцентрален бек00
14Бојан Спасовскипивот10
15Златко Мојсоскидесно крило010
17Бојан Спасовскидесен бек00
21Градимир Чаневскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќ-14
34Кристијан Василевскипивот10
64Мирко Мајиќлево крило05
94Денис Тотдесен бек15
 Вкупно 527

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
ЈАНЕВСКИ ЉУПЧО
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 1961770021
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР760118
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2750215
4БУТЕЛ750215
5ПРОЛЕТ750215
6ОХРИД740312
7ТИКВЕШ 201473049
8ПРИЛЕП73049
9МЕТАЛУРГ72056
10СТРУГА71063
11РАДОВИШ71063
12СКОПЈЕ 202070070