Jozo Cabraja / kolektiff

Еден од најдобрите ракометари во светот најави пензија!

Еден од легендарните ракометари, францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ откако ќе му заврши договорот со ПСЖ планира да се пензионира и да се посвети на приватниот живот.

Искусниот ракометар за „Ле Паризиен“ изјави дека е можно да се повлече од ракометните терени по завршувањето на неговиот ангажман во најбогатиот клуб во Европа. Карабатиќ има договор со ПСЖ до крајот на оваа сезона.

Со оглед на тоа дека има 38 години, многу веројатно е дека следната сезона ќе биде последната во неговата ракометна кариера. Неговото пензионирање ќе значи дека тој нема да настапи на Олимписките игри во 2024, на кои неговата држава е домаќин.

Карабатиќ ја почна својата кариера во Монпелје во 2000 година. Од 2005 до 2009 година играше во Кил, а потоа се врати во Монпелје и настапуваше до 2013 година. Тогаш се пресели во Барселона и во текот на 2015 година дојде во ПСЖ.

Трипати ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите. Тоа го направи со Монпелје (2003), Кил (2007) и Барселона (2015). Со ПСЖ има едно второ место. Го загуби финалето против Вардар во 2017 година.