Драма во Бутел – домаќините трепереа до последен момент, но освоија цел плен против Тиквеш

Ракометарите на Бутел Скопје се вратија на победничките патеки, откако по поразот во Битола од Еурофарм Пелистер 2, на домашен терен го победија незгодниот Тиквеш од Кавдарци со 22-21.

Домашните отворија со 3-1, но следуваа потоа беиздејни напади на домашните, голманот Стојаноски одбрани неколку удари и кавадарчани направија комплетен пресврт, 3-6.

Беше и 5-8 за Тиквеш, но полека почна да попушта концентрацијата кај гостите, па бутелци повторно ја преземаа контролата на теренот и поведоа со 9-8. Беше 10-10, но Пулјизовиќ со гол од пенал и Ѓоргиевски донесоа плус два за Бутел на паузата, 12-10.

Во второто полувреме Бутел поведе и со плус четири, 15-11, па 17-13, но гостите не се откажуваа од борбата за камбек, иако Чаневски им запре два пенали. Намалија на минус два, 19-17, имаа и напад, но не го искористија, па Мајиќ донесе 20-17.

Во последните пет минути се влезе со 21-20, а тоа беше најава за возбудувања во финишот. Пулјизовиќ од пенал зголеми на 22-20, а Темелкоски погоди за 22-21 на две минути до крај.

Гостите имаа напад за реми, но погрешија, за Бутел останаа уште триесетина секунди. И тие не погодија, но времето истече и мечот заврши 22-21.

22 - 21
Конечен резултат

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1222Победа
ТИКВЕШ 20141021Пораз

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Саша Пуљизовиќ-06
6Јовица Младеновскилев бек01
7Кристијан Давитковскидесен бек00
7Томче Стојановскилев бек11
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек04
10Марко Митевцентрален бек00
15Златко Мојсоскидесно крило04
17Бојан Спасовскидесен бек00
21Градимир Чаневскиголман00
22Стефан Стојчевиќпивот00
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот00
34Кристијан Василевскипивот00
64Мирко Мајиќлево крило22
94Денис Тотдесен бек04
 Вкупно 322

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
Стефан Трпчевскидесен бек20
1Марјан Велковголман00
2Марио Гичевцентрален бек12
4Марко Трајковскипивот12
9Стефан Дрогришкилев бек10
12Александар Стојаноскиголман00
13Борче Соколовцентрален бек00
19Дејан Гошевскидесен бек00
22Евгениј Темелкоскидесно крило05
24Дарко Кондевлево крило03
26Ристо Окардовпивот00
34Страхиња Симиќцентрален бек08
77Јане Јанчевцентрален бек01
 Вкупно 521

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ