Драматичен финиш, Кастратовиќ во последниот напад ја спаси Струга од пораз кај Скопје

Скопје на домашен терен ја пречека екипата на Струга во 5. коло од плеј-аутот во Супер лигата и после голема борба во неизвесна завршница натпреварот заврши нерешено 27:27.

Скопје добро започна и го имаше почетното водство, беше 4:2 и 6:3 но Струга постојано беше во игра недозволувајќи домаќинот да се одлепи. До крајот на првиот дел Скопје успеа да обезбеди три гола предност од 13:10.

Почетокот на второто полувреме донесе подобра игра на домашниот тим кој стигна до највисоката предност на мечот од 19:13 после десетина минути игра. Сепак стружани не се предадоа и полека ја топеа негативата.

Во 50. минута Струга се доближи на минус два, 22:20 што беше причина за Андријана Будимир да повика тајм-аут. После минута пауза Пешевски со удар од далечина го врати најчестото водство на Скопје и најави мирна завршница за домаќинот.

Струга после долг период се врати на минус еден во 57. минута кога намали на 25:24. Натпреварот влезе во неизвесна завршница, гостите имаа напад за реми кој го искористи Кастратовиќ и со гол на десет секунди до крај успеаја да избегнат пораз.

Најефикасен во составот на Скопје беше Александар Василевски со седум гола, додека Марио Мишевски постигна шест погодоци. Во екипата на Струга се истакнаа Владан Кастратовиќ со осум гола и Жарко Барјактаревиќ со шест.

29 април 2022
27 - 27
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
29 април 2022 01:15 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2021/2022 27.04.2022 60'

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СКОПЈЕ 20201327Реми
СТРУГА1027Реми

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
4Марио Мишевскилево крило16
5Бојан Чакалиќцентрален бек22
7Андреј ТркалевскиСреден бек00
9Александар Василевскилев бек07
16Матеј Петковскиголман00
18Кирил Пешкирскилево крило00
19Велимир ГрујовскиСреден бек00
20Лука Благопетровдесно крило03
22Андреј Пешевскицентрален бек01
23Благој Димчевскипивот00
24Стефан Стојановскилев бек10
25Леонид Киселовскилев бек05
26Бране Трифуновскиголман00
28Андреј Митиќпивот13
33Бојан Петрески-00
 Вкупно 527

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Петар Маркоски-12
3Славе Јанковскилево крило02
5Бобан Савески-00
7Бобан Блажескидесно крило05
12Василије Печурицаголман00
16Марио Стојаноски-00
18Никола Стрезоски-00
19Жарко Барјактаревиќдесен бек16
22Владан Кастратовиќцентрален бек08
24Ненад Костоскилево крило01
25Никола Цветаноскилев бек03
 Вкупно 227

Officials

Судии:Делегат:
ЌАЕВ ГЛИГОР
ЌАЕВ СПАСКО
КАМИШЕВСКИ ДУШКО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО13101232
2ПРИЛЕП1291230
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
4ВАРДАР НЕГОТИНО1380524
5МУЛТИЕСЕНС1371523