На последниот натпревар од есенскиот дел во Женската лига екипата на Деспина ја запиша и осмата победа во првенството. Составот од Прилеп славеше на гостувањето кај Ѓорче Петров со 32:20.
Од самиот почеток гостинките најавија дека се дојдени по трите бода на ова гостување. Деспина отвори со 5:0, а во продлжението само ја зголемување предността. Кризата на Ѓорче Петров во нападот траеше цело полувреме и по 30 минути игра имаа негатива од 8:18. Во вториот дел ракометарките на Деспина рутински одработеа за сигурна победа, а во еден момент имаа и највисоки 15 предност.
Најефикасна во домашниот состав беше Ангела Цветановска со девет гола, додека во победничката екипа Евгенија Цаневска со пет гола беше прв стрелец. Со осмата победа Деспина есенскиот дел го заврши на шестата позиција со осум победи и четири порази и ист учинок како и Чаир на петата позиција. Ѓорче Петров е на деветата позиција со три победи и девет порази.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕСПИНА 20:32 (8:18)
Сала: Христо Ботанџиев во Ѓорче Петров. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Маринчов 1, Несторовска, Петровска 3, Кежаровска, Србиновска, Јовановска 4, Петровска, Џељадини, Шкријељ, Антеска 2, Цветановска 9, Јованчева 1.
Седмерци: 4/4. Исклучувања: 8 мин.
ДЕСПИНА: Димитриеска, Боризоска 3, Е.Рипилоска 2, Цаневска 5, Спиркоска 1, Камческа 4, Крстевска 3, Цветкоска 3, Јовеска 2, Богеска, Седлоска, Филипоска 3, Л.Рипилоска 3, Гулеска 1, Еленин 1, Богојеска 1.
Седмерци: 3/3. Исклучувања: 8 мин.