Ракометарите кои обезбедија место во ол-стар тимот за сезоната 2020/21 во Лигата на шампионите денеска беа објавени од страна на Европската ракометна федерација, а во него место најдоа главно ракометари кои ќе играат на завршниот турнир.
Голманот на Кил, Никлас Ландин е единствениот кој нема да биде дел од натпреварите во Келн утре и задутре, но тој е вброен во најдобрата седумка. Доминираат играчите на Барселона.
Најдобар тренер за оваа сезона е Шпанецот, Алберто Ентрериос, кој го предводи тимот на Нант. Тој покажа одлични резултати со својот тим и се најде на завршниот турнир.
Во тимот се играчи на Барселона, Нант и ПСЖ. Најдобар дефанзивец е Хенрик Мелгард од Алборг така што и полуфиналистот од Данска има свој претставник меѓу најдобрите.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОЛ-СТАР ТИМ
СЕЗОНА 2020/21
ГОЛМАН: Никлас Ландин (Данска/Кил)
ЛЕВО КРИЛО: Валеро Ривера (Шпанија/Нант)
ЛЕВ БЕК: Микел Хансен (Данска/ПСЖ)
СРЕДЕН БЕК: Лука Циндриќ (Хрватска/Барселона)
ДЕСЕН БЕК: Дика Мем (Франција/Барселона)
ДЕСНО КРИЛО: Алеиш Гомез (Шпанија/Барселона)
ПИВОТ: Лудовик Фабрегас (Франција/Барселона)
ДЕФАНЗИВЕЦ: Хенрик Мелгард (Данска/Алборг)
МЛАД ИГРАЧ: Дилан Нахи (Франција/ПСЖ)