„Два пати ја преспав Нова година и два пати потоа добивав одлични понуди за трансфер“

Дел од ракометарите на Мешков Брест открија интересни податоци за нивните прослави за Нова Година.

Голманот Иван Мацкевич, два пати ја преспал новогодишната ноќ, но веднаш во месец јанаури од следната година добивал одлични понуди за трансфер.

„Два пати не ја дочекав Нова Година и се успав, но два пати после тоа добивав одлични понуди за трансфер. Првиот пат беше кога имав 17 години и играв за Аркатрон Минск. Отидов на село кај моите роднини, бев на лов, но поминав за џабе 11 километри и ништо не уловив. Потоа ручав и на крај не ја дочекав Нова Година. Вториот пат беше во 2014 година. Тогаш изнајмив стан, останав со кучето сам и ми беше досадно. Потоа добив понуда од романската Стеауа. За следната година имам договор и можам да славам Нова година, ама за дочекот на 2022, ќе размислам“, се шегуваше Мацкевич.

Мацкевич потекнува од тимот на Аркатрон Минск, играше за СКА Минск, потоа две сезони за романската Стеауа Букурешт и од 2017 година е член на Мешков Брест.