Горан Андоновски не е повеќе тренер на Тиквеш

Тимот на Тиквеш во новата сезона ќе има нов тренер. Кавадарчани нема да ја продолжат соработката со досегашниот стратег Горан Андоновски, кој го водеше тимот во пролетниот дел од сезоната.

Андоновски го наследи Томе Петрески пред стартот на пролетниот дел во разигрувањето за опстанок во елитното друштво и со Тиквеш забележа девет победи на 14 меча, што беше доволно за второ место.

Кавадарчани во првата сезона по камбекот во Суперлигата за малку не успеаја да се пласираат во плеј-офот, па мораа да се задоволат со плеј-аут. Од играчкиот кадар досега од тимот си заминаа левиот бек Стефан Колоски и средниот бек Душан Медиќ.

Кој ќе биде наследникот на Андоновски останува да видиме во следниот период, а тимот наскоро треба да ги промовира и засилувањата пред стартот на новата сезона.