Голем број интернационалци од македонската Суперлига обезбедија место на ЕП

Сите интернационалци кои настапуваат во македонската Суперлига, а кои се стандардни или повремени репрезентативци на своите земји, обезбедија место на Европското првенство во Унгарија и Словачка следната година.

БиХ не се покажа во добро издание во квалификациите и во група со Австрија, Германија и Естонија заврши како третопласирана, но како една од најдобрите репрезентации која заврши на третото место обезбеди пласман на Европското првенство 2022.

Невен Стјепановиќ, Јосип Периќ, Марин Вегар и Елмир Граџан од Еурофарм Пелистер, како и Марко Тарабокија играат на дел од квалификациските средби и сигурно ќе бидат во плановите на селекторот Ивица Обвран за место во националниот тим и за Европското првенство.

Во „новата“ репрезентација на Хрватска предводена од Хрвоје Хорват, место имаше за по двајца ракометари од Еурофарм Пелистер и Вардар. Матео Мараш и Томислав Кушан се покажаа во солидно светло на натпреварите од ЕХФ Евро Купот.

Од вардаровиот дрес, Анте Гаџа и Иван Чупиќ беа дел од хрватската селекција. Гаџа беше дополнително повикан поради повредата на Циндриќ. Секако, тука е десното крило на Металург, Златко Хорват, кој играше на дел од натпреварите во ЕХФ Евро Купот, сигурно ќе се подготвува за настап на следното ЕП.

Со репрезентацијата на Црна Гора, Мирко Радовиќ од Еурофарм Пелистер и Васко Шеваљевиќ од Вардар обезбедија место на ЕП. На дел од квалификациските натпревари, настапи и голманот на Охрид, Јагош Брауновиќ.

Еден од носителите на играта во Металург, Стефан Додиќ успешно ги заврши настапите со српската селекција и обезбеди настап меѓу најдобрите европски репрезентации уште во јануари. Тогаш за Србија беше доволно ремито и триумфот против Франција за да го обезбеди местото на континенталниот собир.

Покрај за Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, место на ЕП има и за селекцијата на Полска, како една од четирите третопласирани репрезентации, а свој придонес во тоа имаше и ракометарот на Вардар, Патрик Валчак.