ГОГ Гудме едвај го победи Тримо, Кадетен ја остави Татабања на нула

Тимот на Еурофарм Пелистер падна на четвртата позиција на табелата во групата Д од Лигата на Европа, откако ГОГ Гудме им се врати на победите.

Данскиот тим славеше на првиот дуел во Љубљана против словенечкиот Тримо Требње со 32-31, иако во финишот избраниците на Урош Зорман имаа шанса да освојат барем бод на овој дуел.

Јакобсен даде девет, а Закаријасен седум гола за ГОГ Гудме, додека Рашо беше најдобар кај Тримо со пет голови. Овие две екипи утре исто така во Љубљана ќе го одиграат вториот меѓусебен натпревар.

Кадетен Шафхаузен иако губеше во поголем дел од мечот, сепак славеше на гости кај Татабања со 30-32.

Интересно беше во Нашице, каде што домашниот тим со гол во финишот стигна до злато вреден триумф над ЦСКА Москва со 32-31, а францускиот Ним немаше поголеми проблеми против Динамо Букурешт и победи со 32-29.

Лига на Европа, резултати:

ГОГ Гудме – Тримо Требње 32-31
Нексе – ЦСКА Москва 32-31
Ним – Динамо Букурешт 32-29
Магдебург – Алингсас 36-21
Татабања – Кадетен Шафхаузен 30-32