Германија не дозволи изненадување и со супер финиш ја совлада Австрија

Репрезентацијата на Германија после голема борба стигна до втората победа на Европското првенство откако во одличен натпревар ја совлада селекцијата на Австрија со 34:29.

Австријците имаа добар старт на мечот и почетно водство, отворија со 3:0 но Германците се вратија многу брзо и веќе во 10. минута беше 5:5. Следуваше период на израмнета игра во кој ниту една репрезентација не успеваше да се одлепи.

До крајот на првите 30. минути Австрија успеа да се избори за предност и на одмор имаше минимални 16:15. Сепак фаворитот на овој натпревар не дозволи изненадување и ги преземаа работите во свои раце. Хејман и Кастенинг погодија за 19:17 во 35. минута.

Австријците и на ова има одговор, Фримел беше незапирлив и реализираше од сите позиции, но немаа сили да издржат до крај. Во 50. минута Германија поведе 29:26, а до крајот на мечот одигра без грешка за втора победа и обезбедување пласман во главната фаза.

Најефикасен во составот на Германија беше Тимо Кастенинг со осум гола, додека по пет гола, додека по пет гола постигнаа Мертенс и Хејман. Во репрезентацијата на Австрија, Себастијан Фримел беше најефикасен со осум гола, а шест постигна Билик.

34 - 29
Конечен резултат

Место

„ОНДРЕЈ НЕПЕЛА“ БРАТИСЛАВА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ГЕРМАНИЈА1534Победа
АВСТРИЈА1629Пораз

ГЕРМАНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Јоханес Голапивот03
7Патрик Винцекпивот10
11Себастијан Хејманлев бек05
17Лукас Цербедесно крило01
18Јулијан Кестерцентрален бек00
19Џибрил Омар Мбенгудесен бек10
20Филип Веберлев бек00
25Каи Хефнердесен бек03
30Себастијан Фирнхаберцентрален бек00
31Марсел Шилерлево крило00
33Андреас Вулфголман00
36Лукас Мертенслево крило05
40Симон Ернстцентрален бек10
44Хриштоф Штајнертдесен бек15
73Тимо Кастенингдесно крило09
98Тил Климпкеголман00
99Лука Вицкецентрален бек03
 Вкупно 434

АВСТРИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александер Херманлев бек01
7Јанко Божовиќдесен бек03
8Роберт Вебердесно крило04
15Фабијан Пошпивот22
20Себастијан Фримеллево крило09
24Даниел Дикерлев бек00
25Марин Мартиновиќлев бек00
26Лукас Хербургерлево крило20
28Гералд Цајнерцентрален бек00
30Борис Живковиќдесен бек00
32Голуб Докниќголман00
39Ралф Патрик Хаузлеголман00
44Јулијан Ранфтлдесно крило00
45Ерик Дамбоклево крило00
53Никола Биликлев бек07
55Тобијас Вагнерпивот03
 Вкупно 429

ЕП 2022, ГРУПА Д – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ГЕРМАНИЈА33006
2ПОЛСКА32014
3БЕЛОРУСИЈА31022
4АВСТРИЈА30030