Гевгеличанки триумфираа против Пелистер, но мораа добро да се испотат

Ракометарките на Гевгелија одиграа добар натпревар во 20. коло од Женската лига на домашен терен и во неизвесен дуел успеаја да ја совладаат екипата на Пелистер со 26:24.

Почетокот беше максимално израмнет, екипите неколкупати се менуваа во водството, но тоа беше само еден гол предност. Пелистер поведе со 7:5 и тоа беше првпат една екипа да има поголемо водство. Сепак, до паузата се играше рамноправно и на полувреме резултатот беше 13:13.

И во продолжението се играше во ист ритам. Гевгелија најчесто беше во предност, но Пелистер успеваше да се врати. Во завршницата се влезе со 22:22, а домашните ракометарки направија серија од 3:0 со која го решија победникот.

Најефикасна во составот на Гевгелија беше Драгица Митрова со осум гола, додека Михаела Митревска постигна седум. Во тимот на Пелистер, Анастасија Белевска со осум гола беше прв стрелц. Гевгелија е на осмото место на табелата, а Пелистер на единаесетата позиција.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР14120236
2ЧАИР14120236
3КУМАНОВО14110333
4ПЕЛИСТЕР 20121481525
5ШАМПИОН1450915
6Скопје1432911
7ГЕВГЕЛИЈА1430119
8СПАРТАК1401131