Вујовиќ: Не сум повеќе тренер на Вардар!

Македонскиот шампион Вардар ќе има нов тренер. Од денеска Веселин Вујовиќ не е повеќе предводник на „црвено-црните“.

По серијата порази во Лигата на шампионите, денеска раководството на клубот и Вујовиќ се решија за разделба.

„Не сум повеќе тренер на Вардар. Тоа е најдобро за клубот во овој ммомент. Полесно е да си оди тренерот, отколку осум играчи“, изјави Вујовиќ за 24Ракомет.

Вардарци пред мечот со Еурофарм Пелистер ги очекува натпреварот со Охрид од Суперлигата. Вујовиќ го одработи третиот мандат на клупата на Вардар, но овој беше најкраток.