Вардар и Еурофарм Пелистер се разминаа во полуфиналето од Купот на Македонија, но остануваат фаворити против Металург и Бутел Скопје за место во финалето во Автокоманда.
Ако ја оправдаат фаворитската улога и играат во финалето на Купот на 16 мај, тоа би било загревање за она што ќе следи во Битола на 19 мај, а тоа е возвратниот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф.
Тоа значи дека љубителите на ракометот би можеле да уживаат во две пресметки едноподруго на двете најдобри македонски екипи.
Вардар на првиот меѓусебен натпревар во суперлигашкиот плеј-оф, славеше убедливо и ќе брани седум голови разлика во Битола, секако под услов двете екипи да триумфираат против сите други ривали.