Вардар доцна се разбуди во Алборг, вицешампионот на ЛШ се радуваше на победа

После паузата по првите три кола, вардарци врзаа два порази откако денеска загубија на гостувањето во Данска против Алборг со 29:33. Така после Монпелје и Алборг славеше над Вардар, па сега ситуацијата е поинаква отколку што беше пред 2-3 недели.

На денешниот натпревар Вардар имаше добри периоди, но исто така и лоши. Тргна под потребното ниво во натпреварот и со 0:3. Потоа следуваше подобра игра и контрола, но сето тоа беше главно поради растрчаноста и разиграноста на Тимур Дибиров. Тој играше одлично и погодуваше постојано. Го врати Вардар во игра, но освен што се израмнуваше неколкупати друго тешко можеше да се направи на натпреварот против Алборг.

Во финишот од првото полувреме ракометарите на тимот од Данска знаеја како да ја искористат деконцентрацијата на вардарци и на одмор се замина со 16:13 во корист на Алборг.

Почетокот на второто полувреме беше речиси идентичен како првото со серија погодоци на домашните. Алборг почна да го диктира темпото и да го зголемува водството. За шест минути игра Алборг имаше 21:14 и тука се чинеше дека сè е веќе готово.

Предноста се чуваше, а Вардар играше тешко. Не можеше да намали и долго се одржуваше негатива од шест или седум гола разлика.

Позитивните моменти дојдоа кога натпреварот почна да наближува до финишот, а Томовски запре неколку удари. Ги врати своите колеги кои почнаа да се бранат подобро, но и да реализираат, па со серија од четири гола Вардар намали на 27:29. Остануваа уште четири минути до крај, а Алборг веднаш зголеми на плус четири и ја зачува оваа разлика до крај за победа од 33:29.

33 - 29
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АЛБОРГ1633Победа
ВАРДАР 19611329Пораз

АЛБОРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Симон Гадеголман00
2Бенјамин Јакобсенпивот00
3Јонас Самуелсондесно крило00
4Арон Палмарсонцентрален бек08
6Себастијан Бартолдлево крило11
7Феликс Кларцентрален бек05
8Јеспер Нилсенпивот12
11Лукас Санделдесен бек02
12Никлас Лудвигсенголман00
13Николај Кристенсенцентрален бек03
15Aндреас Холст Јенсенлев бек00
17Мартин Ларсендесен бек13
19Кристијан Бјорнсендесно крило13
21Хенрик Мелгард Јенсенцентрален бек10
22Рене Антонсенпивот01
23Бустер Јул-Ласенлево крило05
 Вкупно 533

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Стојанче Стоиловпивот00
6Оливие Њокаслев бек02
7Патрик Валчакпивот00
8Јоел Куни Моралесдесен бек03
9Гоце Георгиевскидесно крило00
10Кевин Њокасдесен бек07
12Мартин Томовскиголман00
13Дијало Бакарилев бек01
14Јан Чуваралево крило01
22Жереми Тотопивот00
24Анте Гаџацентрален бек03
28Филип Талескилев бек02
31Тимур Дибировлево крило09
45Дарко Ѓукиќдесно крило01
47Анте Кудузлев бек00
94Али Сафарголман00
 Вкупно 029

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МОНПЕЛЈЕ971115
2КИЛ961213
3АЛБОРГ960312
4ПИК СЕГЕД952212
5ЕЛВЕРУМ93248
6ВАРДАР 196192165
7ППД ЗАГРЕБ91264
8МЕШКОВ91173