Буриќ полуде на голот, Фленсбург и со 12 ракометари го освои Букурешт!

Ракометарите на Фленсбург имаа успешно гостување во Букурешт и го совладаа Динамо со 20:28 иако на овој натпревар беа само 12 во ростерот и без тренерот Мајк Макула и неговиот помошник поради коронавирус.

Првото полувреме помина во израмнета игра, двата тима имаа добри периоди и водство но резултот беше изедначен. После неколку менувања на водството на полувреме беше 13:13.

Во вториот дел доминираше една екипа на теренот, од 15:15 следуваше серија од шест гола на гостите за висока предност. Голема помош гостите имаа и од голманот Бенјамин Буриќ кој забележа 17 интервенции. До крај Флензбург рутински стигна до убедлива победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ханс Менсинг со девет погодоци, Менсах Ларсен и Еинарсон погодија по пет пати. Во екипата на Динамо Букурешт најефикасни со по пет гола беа Раул Кампос и Валентин Јонеа.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА1081117
2НАНТ1061313
3АЛБОРГ1061313
4ПИК СЕГЕД1060412
5КЕЛЦЕ104068
6МАГДЕБУРГ103167
7КОЛСТАД103076
8ППД ЗАГРЕБ102084