Брест се изнамачи со Елверум, но славеше со пресврт

Ракометарите на Мешков Брест после карантинот во кој мораа да бидат заради коронавирусот се вратија на терените во Лигата на шампионите и веднаш забележаа победа, додека Целје уште еднаш доживеа пораз од Мотор Запорожје.

Мешков Брест во текот на првото полувреме имаше постојано предност од еден или два гола, сепак во финишот на првиот дел дозволија Елверум да го сврти резултатот. На полувреме гостите имаа предност од два гола 15:17.

Во вториот дел и двете екипи имаа добри минути и неколкупати го менува водството за на крајот поуспешна да излезе домашната екипа. Елверум имаше предност 24:26 но со серија од 5:0 Мешков Брест стигна до нови бодови.

Мотор Запорожје врза три победи во серија во Лигата на шампионите после победата  над Целје 31:29. Целје имаше три предност во првиот дел од 4:7, но до крајот на полувремето домашниот тим обезбеди минмална предност 14:13.

Во продолжението со средината на полувремето Мотор го контролираше резултатот, Целје успеа да се врати во игра и да израмни но немаше сили за пресврт. Во пресрет на завршницата Мотор влезе со два предност која ја сочува за продолжување на победничката серија.

ПозЕкипаБ.НПРЛ
1КЕЛЦЕ138611
2ФЛЕНСБУРГ138611
3МЕШКОВ99414
4ПСЖ ХЕНДБОЛ66303
5ПОРТО68224
6ПИК СЕГЕД46204
7ЕЛВЕРУМ48206
8ВАРДАР 196135113
ПозЕкипаБ.НПРЛ
1БАРСА168800
2ВЕСПРЕМ138611
3МОТОР129603
4АЛБОРГ109504
5КИЛ78314
6НАНТ47205
7ЦЕЛЈЕ28107
8ППД ЗАГРЕБ07007