На состанокот на Управниот Одбор на РФМ, свој извештај за досега сработеното и за она што допрва ја очекува македонската сениорска репрезентација даде селекторот Данило Брестовац.
“Двата натпревари кои ги добивме со Турција на гостински терен и со Грција на домашен ни овозможија да имаме подобра позиција при ждрепката. Не играше Манасков, но видовме колку можеме да сметаме на Маџовски и Димитриоски. Се појави и малиот Костески. Би било добро преку овие квалификации ако можеме да го задржиме ритамот за да ја подмладуваме репрезентацијата и да се пласираме на големите натперварувања. Стратегиски се движиме во добар правец. На контролите во Турција провривме помлади ракометари. Можеби од нив само неколку ќе употребиме на Европското првенство. Сметам дека на Мишевски можеме да сметаме на сениорско натпреварување. Ме радува и тоа што жолтиот картон кој го доби Мартин Поповски на средбите против Грција и Турција покажа дека можеме и на него да сметаме за понатаму. Стандардните репрезентативци на оваа ЕХФ недела се обидовме да имаат што помала минутажа. Се направи мониторинг на сите репрезентативци и ја следиме нивната форма во првенствата каде што играат и се надевам дека до почеток на подготовките ќе го имаме оној список на репрезентативци кои ќе конкурираат за настап на ЕП. Подготовките ќе ги имаме на Трофеј Карпати. На овој турнир би оделе со комбиниран тим. Тука би биле Кирил Лазаров, Дејан Манасков, Борко Ристовски… кои имаат обврски и тие би се приклучиле на 2 јануари”, вели Брестовац.
Македонија до ЕП ја чекаат уште најмалку четири контролни натпревари, најпрво во Романија на Трофеј Карпати ќе бидат одиграни две средби, а потоа ќе имаме и контроли со Словенија и Црна Гора.