Битолскиот двобој за постариот брат, Еурофарм Пелистер со стартен триумф

Ракометарите на Еурофарм Пелистер сигурно ја започнаа новата сезона во Супер лигата и во првото коло беа подобри од Еурофарм Пелистер 2 со 29:24 за први бодови и успешен почеток.

Еурофарм Пелистер целосно го контролираше натпреварот и резултатот, отворија со 4:1 и ваквата предност сигурно ја одржуваа. Потоа имаа 7:4 и 9:5, но следуваше една серија на Еурофарм Пелистер 2 со која намалија на 10:9.

До крајот на првиот дел избраниците на Жељко Бабиќ без многу проблеми ја вратија најстандардната предност во првиот дел од три гола, а така беше и на полувреме кога Еурофарм Пелистер водеше 13:10.

Второто полувреме не донесе ништо различно од првиот дел, домаќинот рутински контролираше сè на теренот и сугурно го водеше натпреварот кон победа. Во 51. минута Еурофарм Пелистер ги имаше највисоките шест предност кои беа сосема доволно до крај на мечот да ги запише првите бодови.

Најефикасни во победничкиот тим беа Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ и Мандалиниќ со по пет гола, а триапти погоди Периќ. Во екипата на Еурофарм Пелистер 2 прв стрелец беше Павле Петровиќ со четири гола.

29 - 24
Конечен резултат

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1329Победа
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21024Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек10
3Гоце Ојлескилево крило02
4Никола Маркоскипивот00
6Бојан Маџовскилево крило12
7Дејан Кукуловскилев бек01
8Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило15
9Стипе Мандалиниќлев бек05
10Томислав Кушанпивот02
12Мартон Секељголман00
18Јосип Периќцентрален бек03
19Ненад Костескидесно крило12
24Милорад Кукоскилев бек00
30Мартин Велковскидесен бек02
74Немања Обрадовиќцентрален бек05
97Рение Табоадацентрален бек10
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 529

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
Емилијан Ѓорговскилев бек13
1Бобан Ристевскиголман00
8Цветан Кузманоскилево крило03
8Димитар Димитриоскицентрален бек01
8Павле Атанасијевиќцентрален бек03
9Васко Димитровскипивот02
10Христијан Митревскидесен бек01
11Симон Мирчевски-02
13Павле Петровиќдесен бек04
14Филип Јовановски-00
16Благојче Трајкоскиголман00
19Стефан Андонов-00
33Петар Атанасијевиќлево крило10
66Милан Ѓукиќдесно крило01
88Димитриј Блажевскидесен бек12
99Филип Арсеновскипивот02
 Вкупно 324

Officials

Судии:Делегат:
ИЛИЕВСКИ МЕТОДИЈА
ИЛИЕВСКИ МИХАЈЛО
КАЛАНОСКИ СЛАВЧО