Бабиќ: Покажавме карактер, ова е историски бод за нас!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер освоија голем бод на гостувањето во Швајцарија откако со гол во последната секунда, Јосип Периќ ги постави конечните 28:28, иако во еден период негативата беше и осум гола.

Тренерот Жељко Бабиќ беше задоволен од изданието и вели дека по долго време неговиот тим освојува бод на гостински терен.

„Ова беше сличен натпревар како ланскиот во Битола. Горд сум на моите момци, покажавме карактер, но тешко е да се каже нешто паметно во овој момент. Среќен сум, бидејќи не победивме последните три сезони на гостински терен. Од моја гледна точка, овој бод е многу важен за нас, историски. Не е лесно да се игра против Кадетен, кој има одличен тренер“, изјави Бабиќ.

Следниот натпревар битолчани ќе го играат на гостински терен против шампионот на јужниот сосед, АЕК Атина.