После трите порази на стартот oд плеј-аут лигата дојде до промени во редовите на Радовиш, па од денеска екипата ја презеде Андон Бошковски кој ќе се обиде да обезбеди опстанок во овој тим.
Денешниот тренинг на Радовиш беше воден од страна на екс-стратегот на КЛ 7, па Бошковски имаше можност да се запознае со новиот тим и да одработи со ракометарите. Ќе има тешка задача бидејќи има уште 11 средби до крајот на сезоната, па затоа ќе има доста работа.
Засега не е познато дали и Мијалов останува дел од стручниот штаб, но постои можност да продолжи со работа и да биде дел од тимот со кој Бошковски ќе ја води екипата во продолжение од сезоната.
Дебито ќе биде навистина тешко бидејќи во Радовиш гостува тимот на ГРК Тиквеш кој има три од три и затоа следниот викенд ќе биде вистински тест за тимот на Радовиш со новиот стратег.