Тимот кој се врати во Супер машката лига, Младост од Богданци се подготвува за силна сезона, а во градот веќе со нетрпение ги очекуваат натпреварите. Сепак, останува неизвесно дали натпреварите ќе може да се играат со присуство на публика или ќе мора без.
Во моментов раководството на Младост работи на планот како да се следат средбите доколку нема публика. Веќе е договорено со градоначалникот на Богданци тие да можат да се гледаат на „видео бим“ на плоштадот, но останува прво да се добие информација околу публика на трибините.
Ова е секако убава вест за сите богданчани, а дефинитивно ќе биде многу поубаво доколку можат да бидат на трибините.