Гајиќ: Веспрем е во „црна дупка“…

Поразот од дебитантот Еурофарм Работник, не само што тешко им падна на навивачите на унгарскиот гигант Веспрем, туку ист беше случајот и со ракометарите.

Десното крило Драган Гајиќ вели дека што поскоро мора да излезат од „црната дупка“.

„Заслужено победи Еурофарм и им честитам за триумфот. Ние конечно се разбудивме во второто полувреме, додека во првиот дел бевме во грч, многу веројатно поради поразот од Монпелје. Вториот дел беше онака како што требаше да играме од првата минута, меѓутоа паднавме во „црна дупка“ и мора да се извлечеме оттаму како екипа“, изјави Гајиќ по мечот во Битола.

Следна обврска за ракометарите на Веспрем ќе биде натпреварот со белорускиот првак Мешков Брест во регионалната СЕХА лига на домашен терен.