Десното крило на грчката репрезентација, Димитрис Цирас, по три сезони одново се враќа во дресот на Олимпијакос. Тој во меѓувреме играше две сезони за АЕК Атина, а последната ја мина во Дукас.
Полскиот репрезентативен голман Матеуш Корнецки по пропаднатиот трансфер во португалскиот Порто, потпиша договор со новиот бундеслигаш Ајзенах на една плус една сезона.
Српското десно крило Жељка Николиќ е последното засилување за ЧСМ Букурешт пред стартот на новата сезона. Таа има две титули во ЛШ со Будуќност, а потоа ги бранеше боите на Валчеа, Крајова и Глорија Бистрица во Романија.
Португалскиот репрезентативен голман Мануел Гашпар, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата. По настапите за Спортинг и Нант, Гашпар се реши да остане во Франција и ќе ги брани боите на Дижон.
Германскиот третолигаш Емсдетен објави дека 35-годишниот Тобијас Рајхман заминува од клубот. Десното крило што освои три титули во ЛШ со Кил и Келце не ја прифатил новата понуда од Емсдетен и ќе бара нова средина.