Откако беше продолжен договорот со белорускиот репрезентативец Борис Пуховски, тимот на Мотор Запорожје ја продолжи соработката на уште едена година и со уште еден Белорусин – пикерот Максим Бабичев.
Францускиот Мец се засили со левото крило Мод Ева Копи, која минатата сезона беше дел од Бур Де Пеж, а претходно беше дел од Брест Бретањ.
Натурализираниот романски репрезентативец, Хавиер Хумет, потпиша договор на две сезони со шампионот Динамо Букурешт и ќе биде замена за Јаков Вранковиќ, кој вторпат заминува од овој клуб. Хумет претходно играше за Портланд Сан Антонио, Иври, ЧСМ Букурешт и Стеауа.
Грчкиот шампион АЕК Атина ја продолжи соработката со левиот бек Панајотис Николаидис до 2022 година, додека нема да го продолжи договорот со Романецот Богдан Кришиоту.
На Никола Портнер и Жулиен Мејер на голманската позиција во Шамбери, ќе им се приклучи младиот босански чувар на мрежата, Харун Хоџиќ, кој досега беше дел од младинската екипа.
Рускиот десен бек Руслан Дашко, кој си замина од Пуенте Хенил, најде нов клуб истот така од Асобал лигата. Од следната сезона Дашко ќе биде дел од Анаитасуна.