Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице потпиша договор за следната сезона со искусниот 37-годишен Словенец Марко Безјак. Плејмејкерот десет сезони беше дел од бундеслигашот Магдебург, а претходно играше за Горење и Ормож.
Бундеслигашот Балинген објави дека за следната сезона ги ангажира десниот бек на Загреб, Чаба Лејметер и десното крило од шпанска Куенка, Лео Прантер. Унгарецот и Италијанецот потпишаа на две сезони.
Хрватскиот интернационалец Марино Мариќ нема да го доработи договорот со Лајпциг до крајот и од денеска се сели во Штугарт. Тој претходно долго време беше член на Мелсунген, па Штутгарт ќе му биде третиот бундеслигашки клуб во кариерата.
Полскиот Келце реши да го врати во своите редови 19-годишниот голман Никодем Блажејевски, кој играше за вториот тим и ќе формира трио со Андреас Вулф и Матеуш Корнецки.