Томовски и Лудвигсхафен испуштија победа во последната секунда против Лајпциг

Двајца македонски интернационалци со своите клубови вечерва беа на терените во Бундес лигата. Мартин Томовски со Лудвигсхафен одигра нерешено со Лајпциг 27:27, додека Филип Миркуловски со Вецлар загуби од Есен со 26:30.

Екипата на Томовски беше во водство во текот на целото второ полувреме, но на крај не успеа да слави. На паузата беше 13:13, а во продолжението Лудвигсхафен имаше добра шанса за триумф и бегство од опасната зона, но не издржа и прими гол во последните моменти од мечот за нерешено.

Мартин Томовски на овој натпревар настапи петнаесетина минути и успеа да забележи две одбрани. Со овој бод Лудвигсхафен има 24 бода и се наоѓа на 17. место исто колку и Балинген на 16. позиција која носи опстанок.

Вецлар на Миркуловски доживeа неочекуван пораз на домашен терен од екипата на Есен со 26:30. Иако гостите се веќе испаднати од Бундес лигата остварија голема победа. Уште на полувреме имаа Вецлар губеше со 12:14, а до крај гостите ја потврдија добрата партија и победата. Филип Миркуловски на овој натпревар постигна еден погодок за својот тим.