СТРУГА 2020: Интернационалците на терен на првиот ден

На првите три средби на 48. издание од Струшкиот турнир на терен ќе се најдат судиите кои се со знакот на ЕХФ и ИХФ.

Првиот натпревар го добија Металари и Николовски кои ќе им судат на Струга и Прилеп. Битолчаните Митревски и Тодоровски ќе делат правда на пресметката меѓу тимовите кои и лани имаа обезбедено плеј-оф во Супер машката лига, Бутел Скопје и Охрид.

Дербито на денот го имаат најдобрите судии во Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои се единствени со ИХФ значка. Овој натпревар почнува од 21:15 часот.

Инаку, тие беа дел од пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и Металург и пред некој ден кога натпреварот беше прекинат поради лизгавиот паркет во Маврово.

ПРВ ДЕН НА СТРУШКИОТ ТУРНИР

17:15ч

СТРУГА – ПРИЛЕП

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

19:15ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД

Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

21:15ч

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.