Словенија означи крај – Целје ја освои 24-тата титула!

Ракометната федерација на Словенија денеска означи крај на Суперлигата и го прогласи шампионот. Поради ширењето на коронавирусот и немањето услови за играње во следниот период, челниците на „Рокометна Звеза“ решија да бидат стопирани натпреварите.

Шампион е лидерот на табелата Целје, кој има 41 бод, второто место е за РИКО Рибница со 35 бодови, додека трет е Тримо Требње со 29 бодови, исто колку и Горење, но поради подобар меѓусебен дуел тимот од Требње е бронзен.

Се уште не е одлучено што ќе се случува со Марибор и Изола, кои завршија на последните две позиции, но можно е да нема испаѓање и во елитната конкуренција да влезат двете најдобри од второлигашкото друштво.

Целје ја освои 24-та титула во Словенија, со што е апсолутен рекордер, а но е јасно дали и догодина ќе игра во Лигата на шампионите.