Словенија без првиот голман на ЕП?

Селекторот на репрезентацијата на Словенија, Љубомир Врањеш направи неколку промени во својата репрезентација за контролните натпревари во рамките од ЕХФ неделата во која се предвидени средби со Хрватска.

На списокот кај словенечката репрезентација беше изоставен првиот голман, Клемен Ферлин. Тамошните медиуми шпекулираат дека покрај повредата, Ферлин и поради приватни причини најверојатно нема да биде дел од ЕП во Унгарија и Словачка, каде што Словенија ќе биде ривал на Македонија.

Врањеш на пријателските против Хрватска нема да нема да смета ниту на искусните, Матеј Габер, Дејан Бомбач, Марко Безјкак, Драган Гајиќ, Дарко Цингесар и Вид Кавтичник. Списокот беше надополнет со голманите Урбан Лесјак, Урх Кастелиц и Јоже Базник. По подолго време во репрезентацијата се врати Ник Хенигман кој поради повреда отсуствуваше од терените.

Првиот тест за помладената репрезентација на Словенија ќе бидат контролните натпревари во рамките од ЕХФ неделата против репрезентацијата на Хрватска. Врањеш полека ја гради младата репрезентација на Словенија со која посакува да обезбеди пласман на Олимписките игри во Париз.

Репрезентацијата на Словенија е противник на Македонија на Европското првенство кое ќе се одржи во јануари. Во Групата Д, освен со Македонија, Словенија ќе игра и со репрезентациите на Црна Гора и Данска.