Седете дома и вежбајте со семејството Јоновски – Од најмлад до најстар на тренинг (ВИДЕО)

Поранешниот репрезентативец и еден од најголемите борци во одбраната кои ги имала Македонија, Ацо Јоновски со своето семејство е во Германија каде што во моментов тој е тренер на екипата на Ратинген.

Паузата поради коронавирусот, сепак, не е причина да се седи постојано. иако тој и семејството седат дома, сепак, се активни.

Секоја можност се користи за вежбање, а видеото кое беше објавено на Фејсбук профилот може да се види еден интересен дел од нивното вежбање.

Од најмлад до најстар се во нивниот двор и сите вежбаат. Погледнете!